Американската пејачка и глумица, Џенифер Лопез (49) на Инстаграм ги шокирала фановите откако објави фотографија на која има покриена модринка на окото. На фотката пејачката лежи на креветот со превез и облога на повреденото око. Џенифер покрај фотографијата напишала „гламурозен живот“.
Иако сеуште не се знае точната причина за повредата, музичарката со објавата загрижила многубројни следбеници кои не се навикнати на вакви фотографии,а многумина се запрашале дали пејачката ќе биде во состојба да ја одржи планираната турнеја.
Инаку, Џенифер Лопез, моментално е на својата четврта турнеја „It’s my party tour“, која ја организирала како своевидна прослава на 50. роденден.