Анџелина Џоли неодамна беше фотографирана со нејзиниот 26-годишен колега Пол Мескал, ѕвезда на серијата „Нормални луѓе“.
Заедно пиеле кафе откако таа ја гледала неговата претстава „Трамвај по име желба“, пишуваат странските медиуми.
Подоцна им се придружила нејзината шеснаесетгодишна ќерка Шајло.
За потсетување, Мескал и неговата поранешна вереница, пејачката Фиби Бриџерс, раскинаа набргу по веридбата. Иако многумина шпекулираат дека актерот можеби започнал романса со Џоли, ниту еден од нив досега не се огласил во јавноста за ова.