Луѓето кои прележале ковид-19 можат повторно да се заразат со делта-сојот. Некои од нив имаат лесни инфекции, но сè уште ги има и оние кои тешко го поминуваат вирусот, некои и умираат – вели Д-р Боулинг, специјалист за инфективни болести на Универзитетот во Тексас.
Делта-варијантата почна да се шири ширум светот, а луѓето се прашуваат колку ефективни ќе бидат вакцините против ковид-19 и дали сега ќе ја избегнат опасноста од делта-сојот доколку веќе еднаш го прележале вирусот.
– Гледаме дека природниот имунитет стекнат од претходните видови на вирусот не обезбедува силна заштита од новата делта-мутација – изјавил Анејсон Боулинг, специјалист за инфективни болести на Универзитетот во Тексас, во интервју за локалната станица КСАТ12 во Сан Антонио.
Доколку сте имале ковид-инфекција, тоа не обезбедува исто ниво на заштита од новите варијанти кои се појавуваат.Д-р Анејсон Боулинг Специјалист за инфективни болести на Универзитетот во Тексас
Според него, доколку сте имале ковид инфекција, тоа не обезбедува исто ниво на заштита од новите варијанти кои се појавуваат.
– Овие луѓе повторно заболуваат. Некои од нив имаат лесни инфекции, но сè уште ги има и оние кои тешко го поминуваат вирусот, некои и умираат – вели Д-р Боулинг.Тој додава дека луѓето мора целосно да се вакцинираат, затоа што, според него, вакцините досега имаат покажано позитивни резултати.
Дали целосното вакцинирање обезбедува доволна заштита од новата делта-мутација?
Иако неодамнешните студии од Велика Британија покажаа дека вакцините „Фајзер“ и „АстраЗенека“ ја намалија ефикасноста против варијантата делта, сепак заштитата од вакцините е со висок процент.
За оние кои примиле само една доза, ризикот за заболување од делта е 33 отсто, а со примени две дози „Фајзер“ заштитува 88 отсто, а „АстраЗенека“ 60 отсто.
Оние луѓе коишто ја примиле само првата доза од вакцините против ковид-19 имаат 75 проценти помали шанси да бидат хоспитализирани при заболување од делта-мутацијата, а оние со две дози – диро 94 проценти помали шанси во споредба со невакцинираните, објави шпанскиот портал „Диарио АС“.