Луѓето кои примиле вакцина „Sputnik V“ можеби по некое време треба повторно да се вакцинираат со друга вакцина, изјави денеска рускиот заменик министер за здравство Олег Гриднев, додавајќи дека истражувањето сè уште трае.
“Добро е што имаме и други вакцини (освен „Sputnik V“), чие производство ќе се зголеми во иднина. Како што предвидуваат нашите ценети научници, ревакцинација со вакцина освен „Sputnik V“ – со (вакцини) CoviVac и EpiVacCorona може да биде потребна следната година или за една година“, им рече Гриднев на пратениците.
„Но, истражувањата во оваа област сè уште траат“, изјави тој, пренесува ТАЅЅ.
Гриднев изјави дека во моментов се произведуваат многу повеќе вакцини „Sputnik V“ и затоа испораките на таа вакцина во Русија се поголеми.
Во Русија во моментов има четири домашно произведени вакцини против корона вирусот.