За случајот со масовното убиство во српското училиште „Владислав Рибникар“ во обвинителстото ќе биде сослушан клучниот сведок – дадилката, пишува српскиот портал „Телеграф“.
„Истрагата смета дека преку нејзиниот распит ќе и бидат познати многу дополнителни детали од животот на момчето, но најважно е од дадилката да се дознае каков бил навистина односот на мајката и таткото со Коста и обратно. Таа жена порано го чувала К.К., но и неговата сестра“, вели извор од истрагата за „Телеграф“.
Во текот на изминатата недела, Вишото јавно обвинителство во Белград почна истрага против мајката на момчето, а веќе се води кривична постапка против неговиот татко.
Против мајката се води преткривична постапка со цел да се утврди дали во нејзиното дејствие се содржани елементите на кривичното дело запуштање и малтретирање малолетно лице, додека за таткото се води истрага за кривично дело Тешки дела против општата безбедност.
Таткото и мајката на момчето К.К.(13), првпат јавно проговорија 22 дена по масакрот.
„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден тивко плачеме од неизлечива болка и тага за секое невино дете кое загина и за Драган, кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме. Примете го нашето сочувство до секое семејство за нивната загуба, што е наша загуба. Засекогаш во тага, семејството Кечмановиќ“.
На 3 мај, 13-годишниот Коста уби 9 ученици и чуварот во училиштето, а потоа рани уште шест лица, меѓу кои наставник