Фудбалерот на Јувентус Даглас Коста утрово имал тешка сообраќајна несреќа на автопатот Ливорно Ферарис – Сантиа.
Како што јавуваат тамошните медиуми, Бразилецот со својот Џип Чироки, при голема брзина удрил во Фиат Пунто кој го возел 47-годишен маж. Според информациите, возачот на Пунтото е префрлен во најблиската болница поради заработените повреди, а за неговата состојба се уште нема подетални извештаи. Коста поминал без некои посериозни повреди.