Огранокот на ДУИ од Сарај се вклучи во хуманитарната акција за помош на настраданите од земјотресот во Албанија. Но, и хуманитарната пратка со конзерви гулаш се исполитизира, бидејќи организаторот на акцијата залепи налепници со логото на ДУИ на секоја палета.
Сајтот на албански јазик almakos.com објави фотографии од ,,политичкиот гулаш“.
Како што пишува Алмакос, младинскиот форум на ДУИ организираше прибирање финансиски средства, ќебиња и облека, но биле собрани и 166.200 денари “- велат од ДУИ – Сарај.
,,Огранокот на ДУИ од Сарај се приклучи на оваа акција без да направи многу врева“- се вели во изјавата за Алмакос.ком. Во меѓувреме, многу жители ова го толкуваат како ниско ниво на ДУИ, па дури и во услови на катастрофа, има тенденција да има политичка полза, пишува Алмакос
Извор и фото: almakos.com