Четиричлено семејство кое сака да оди на десетдневен одмор во јули во Грција за време на eпидeмијaтa на кoрoнaвиpус, ќе мора да издвои најмалку 1.320 евра! Тоа е двојно поскапо од цените на аранжманите за истиот период минатата година, пресметале Србите.
Цената се заснова на тековната понуда на најевтините приватни станови за северниот дел на Грција, под Олимп и Халкидики, каде претежно престојуваат туристите од Балканот во текот на летото.
Зголемувањето вклучува го вклучува и превозот, што е за 50 проценти поскап, затоа што се бара секое второ место во автобусот да биде празно. Храната и чадорите не се вклучени во цената на пакетот. Поради сето тоа, едно четворно семејство ќе го чини огромни 1.320 евра ова лето, наместо 600 евра како досега.
Тестовите за кoрoнaвирусот се исто така проблeм, затоа што доколку се одржи постојната цена, тоа значително ќе ги зголеми трошоците за патување.
Сепак, клучно е што ќе одлучи Европската унија во наредниот период за нејзините земји-членки, вклучително и Грција.