Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.
Поранешниот премиер дојде во судницата со палто врз рацете за да ги скрие лисиците, а носеше темни очила и безбол капче, кои не ги извади ниту кога почна рочиштето.
Адвокатите на Груевски побараа рочиштето да биде затворено за медиумите, а обвинителството се согласи. Судот дозволи затворено рочиште, но одлуката ќе биде јавно соопштенa.
Екс премиерот бил уапсен по барање на судот. Македонија бараше екстрадиција за двегодишната казна за случајот Тенк и за настаните во собранието каде е осомничен како организатор.