Поранешниот функционер во ВМРО-ДПМНЕ и екс пратеник Филип Петровски на својот Фејсбук профил сподели видео преку кое открива дека се подготвува смена на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а на тоа кумува поранешниот претседател на партијата, Никола Груевски. Според Петровски, за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ се подготвува Александар Николовски, потпретседател на оваа партија.
„По абдицирањето на Мицкоски, Александар Николовски треба да биде неговиот нов наследник, нели, со амин од Груевски, за тој да го задржи своето влијание во партијата. Моите информации говорат дека Николовски работи на создавање на коалиција, на создавање на медиуми, на прибирање на новинари и на влијателни луѓе кои тоа би го поддржале. Тоа Мицкоски го знае и мислам дека е свесен дека не може да избега од тоа доколку промената се случи. Според мене, тоа е тотално неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде погубно, бидејќи партијата е во многу лоша состојба сега“, вели Петровски.