Северина има голем проблем како да го продаде својот стан бидејќи тој гледа кон гробишта. Хрватската пејачка поради големиот кредит од 800.000 евра и намалената работа, го нуди својот стан во Загреб за еден милион евра, но како што објавуваат медиумите, тешко дека ќе ја земе таа сума.
– Северина порадо големите долгови, бара начин да се извлече од големиот минус. Прво, го понуди својот луксузен стан и беше убедена дека веднаш ќе најде купувач. Иако станот е на добра локација тој има поглед кој гробиштата Мирогој, што е голем проблем – вели извор близок до Северина.
Инаку, претходниот месец беше тежок за хрватската пејачка. Прво ја прекина соработката со својот менаџер со кого претходно работеше 17 години, па и пропаднаа неколку тезги и спонзорски договори, а се раздели и со својот адвокат. Потоа го отпушти и менаџерот за односи со јавноста Давор Гргин како и басистот во групата Хенри Радановиќ.
За новиот албум Северина искешира над 100.000 евра, но изостанаа настапите бидејќи песните не го привлекоа вниманието на публиката.