Пред шест и пол години модната дизајнерка Верица Ракочевиќ и композиторот Вељко Кузманчевиќ (38) се венчаа само седум дена откако се запознаа. За 73-годишната креаторка тоа беше трет брак, и како што самата тврди, не можела да направи подобар избор.
Иако Вељко од неа е помлад цели 35 години, тој поседувал поголема зрелост од сите мажи што претходно ги имала во животот, тврди Верица која призна дека би сакала нивната љубов да трае до крајот на животот, иако не би била изненадена ако е поинаку.
“Живот е тоа, никогаш не се знае. Животот е чуден феномен, не мислам дека нашата врска е доживотна. Би сакала да е така, но не би била изненадена ако не биде од едноставна причина што маж има само 38 години. Можеби е грев да се остане со некој кој наскоро ќе има 80 и кусур години“, рече Верица која истовремено се осврна и на негативните коментари на социјалните мрежи.
“Кога ќе ми пишат дека сум баба во коментарите, тие мислат дека сум навредена. Јас сум баба според возраста, и според тоа што имам внуци, но тоа е некултурно. Не ги ни читам толку многу, но понекогаш се наоѓа по некоја „будала”, признава таа.
Неодамна, Верица од Вељко доби емотивна порака која ја сподели на социјалните мрежи.
На неa пишуваше: „Госпоѓо, јас сум неизлечиво вљубен во вас“.