Иако пред неговата смрт се разведе од кралот на рокенролот Елвис Присли, Присила Присли засегаш ќе биде запаметена по љубовта со него. Присила печат на својата глумачка кариера ставила со улогите на Џејн Спенсер во филмската серија Гол пиштол, и улогата на Џејн Вејд во серијата Далас.
Со Елвис била во брак од 1967 до 1973 година и ја имаат ќерката Лиза Мери. Сепак, Присила најдолго во брак била 22 години со Марко Гарибалди, со кого се разведе во 2006 години.
Денеска Присила Присли има 74 години и изгледа преубаво. Црвенокосата дама се појави на црвениот тепих заедно со Крис де Роуз и со својот изглед го засени многу помладите од себе. Во прашање била гала вечера на Беверли Хилс, под името “Последна шанса за животните“.