Бизарната и необична венчавка се случила во малото мексиканско гратче Сан Педро.
Градоначалникот Виктор Иго Соса одлучи да се ожени. Но шокантен е неговиот избор на невестата.
Градоначалникот решил да стапи во брак со крокодилот.
Очекувано опасната невеста не дозволила свадбата да се одржи според традицијата. Немало, музика, играње…Младоженецот дури морал да ја бакне невестата на која и била врзана устата.Устата била врзата од безбедносни причини, за гладната невеста случајно да не го касне својот избраник.
Се претпоставува дека свадбениот ритуал потекнува од предхиспанското домородните заедници „Чонтал“ и „Хуаве“ од сојузната држава Оахака, како што е случајот со молитвата за благослови на природата. „Бараме од природата доволно дожд, доволно храна и риба во реката“, рече Соса, градоначалник на мало рибарско гратче на запарливиот брег на Пацификот Оахака.
Оахака, лоцирана во сиромашниот југ на земјата, е област со богата автохтона традиција каде што многу групи тврдоглаво ги одржуваат своите јазици и традиции.
Вековниот ритуал во Сан Педро Хуамелула, денес помешан со елементи на католичката духовност, вклучува облекување на алигатор-крокодил или кајман во бела венчаница со шарени украси.
Се верува дека седумгодишниот рептил, наречена мала принцеза за оваа прилика, го претставува божеството мајка Земја, а нејзината венчавка со локален водач го симболизира соединувањето на луѓето со божественото.
Звукот на трубите и ритамот на тапаните го дополнија славеничкото расположение за време на церемонијата на која некои од мештаните ја носеа невестата алигатор низ селото во раце, додека други и мавтаа со капите.
„Се чувствувам среќна и горда на моите корени“, изјави Елиа Едит Агилар, кумата која ја организираше венчавката.
#Mexico Mayor 'marries' crocodile to honour age-old indigenous ritual#DNAVideos
For more videos, click here https://t.co/6ddeGFqM3o pic.twitter.com/rAXzpl9Q0M
— DNA (@dna) July 2, 2023