Атиџе Муратова, која стана позната од филмот „Медена земја“ денеска беше во Општина Лозово, на средба со градоначалникот Ацо Велковски.
Денес општина Лозово ја посети нашата национална хероина Атиџе Муратова, Ѕвездата од ,,Медена земја”, пишува на Фејсбук Велковски.
Градоначалникот и ветил на Атиџе дека работно ќе ја ангажира во Општина Лозово, откако ќе се врати од Церемонијата од доделувањето на Оскарите, дека Општината ќе помогне во санирање на куќата и кровот и дека ќе бидат снимени со музички аранжман двете песни чиј автор е Атиџе.
„Среќна, насмеана и радосна од веста што општина Лозово и јас како Градоначалник дадовме ветување дека ќе се погрижиме за куќата на Атиџе да добие нов кров. По завршување на турнеите и земањето на два оскари, Атиџе ќе биде работно ангажирана во општина Лозово. Исто така ветив, дека нејзините две песни, ќе бидат обработени целосно со музички аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио.“
Инаку, „Медена земја“, има две номинации за Оскар.