На Фејсбук страната „Приказни од булеварот“ е споделена интересна објава, која доби огромен број на допаѓања и коментари. Текстот е против рушење на градбата кај Мавровка.
“Ја мислам дека ова не треба да се руши.
Треба да го напраиме споменик во чест на македонската корупција, во име на мртвите институции , во име на сите деспоти кои мама и расплакаа на земјава.
Ова е споменик на партиска држава. Во име на НЕ ЗНАМ КОЈ СЕ ОНИЕ РАБОТНИЦИ КОИ РАБОТАТ НА ЗГРАДАВА НИТ ПА КОЈ ГИ ПЛАЌА… На држава која е тоа само на хартија. Ова е споменик на неказнивоста. Споменик на НИЕ НЕ СМЕ НАДЛЕЖНИ за ова…..Вие инспекции. Од градежни, трудови….Не ви е срам? Имате работници кои работат на див објект. Ни еден не е запишан. Ни е еден не е проверен да се види од каде добива прилив на трансакциска! Или зема пари на рака??? Истрагата е во тек….Хехех…Никад не била!
На спомен плочата да стои :Ова се градеше во центарот на градот и уште не знаеме кој го гради. Во земјата на тендерите никој не се пријавил на тендер за рушење на овој објект. Ова е дивоградбата која сите институции во оваа земја ги направи дивоградби!
И доле допишете: А ти глуп народе, плаќај даноци. Плаќај судови. Плаќај пенали ако дворчето ти фатило 1 метар на криво. Нека те рушат ако си направил летно терасиче со 3 маси пред локал.Ако си отишол 20 см погоре …во заграда за крај ( Како гласно бетон збори, колку сме крахирани и мртви….оваа зграда збори повеќе од сите живи во оваа вукојебина…)“ пишува на Фејсбук страната “Приказни од булеварот“: