Кејшла Родригез исчезнала во петокот, по што американското ФБИ почнало истрага, која брзо завршила со наоѓање на нејзиното безживотно тело. Таа била идентификувана, а Вердехо веднаш станал „лице од интерес“ на полицијата и властите. Кратко откако почнала истрагата боксерот решил сам да се предаде.
Боксерот познат под прекарот „Дијамант“ е обвинет дека прво ја киднапирал девојката од нејзиниот автомобил, ја претепал и потоа дека и дал одредени супстанци по што ја врзал за бетонски блок и ја фрлил од мост. Дури и тоа му било малку, па пукал по неа, лут поради нејзината бременост. Вердехо е женет со Елзи Мари Сантијаго Сиера. Според семејството на жртвата боксерот и Родригез имале 11-годишна љубовна врска пред тој да се ожени. Откако останала бремена од него, боксерот барал од Родригез да ја прекине бременоста. Очигледно девојката не се согласила и тоа резултирало со насилно убиство. Полицијата смета дека Вердехо имал и соучесници во ова гнасно злодело.