Таткото на славната американска раперка Ники Минаж, Роберт (64) починал откако го удрило возило додека шетал по улиците на Њујорк.
На Роберт Минаж налетало возило, кое не запрело, туку возачот побегнал од местото на несреќата, а очевидците не можеле да го опишат осомничениот, соопшти полицијата, пренесува ТМЗ.
Во критична состојба бил пренесен во локалната болница, каде во саботата им подлегнал на повредите.
Локалната полиција бара сите сведоци на несреќата да се пријават.
Ники Минаж сè уште не ја коментирала смртта на нејзиниот татко.