Италијанската глумица Моника Белучи беше една од гостите на ревијата на модната куќа „Долче и Габана“ која беше прикажана на Модната недела во Милано.
Таа во градот на европската мода се појаво со нов имиџ, односно, со скратена фризура кој одлично и стоеше. Италијанската дива ја немаше повеќе раскошната долга коса, но и со кратката фризура изгледаше преубаво.
Инаку, Моника во Милано беше облечена во бело одело, во комбинација со проѕирна кошула која го прикажа целиот нејзин сексипил.