Српскиот режисер, сценарист и учител по глума, Мирослав Мика Алексиќ е уапсен синоќа во Белград под обвинение за силување бидејќи неколку српски актерки го пријавиле, пишува „Блиц“.
Актерката Милена Радуловиќ се огласи по овој повод на својот Инстаграм профил.
„По тешка внатрешна борба, јас и некои храбри девојки решивме да застанеме на патот на темниот круг на злоупотреба. Ние нема да се предадеме. Силување малолетни лица и педофилија не се дозволени“, напишала актерката која во интервјуто за БЛИЦ.РС откри дека Алексиќ првпат ја силувал кога имала 17 години, како ученичка во неговата позната школа за глума, и тоа се повторувало повеќе пати.
После појавувањето, Милена беше поддржана од многу колеги, меѓу нив Александар Радошиќ, Миодраг Радоњиќ, Нина Јанковиќ, Јелисавета Орашанин, Кристина Раденковиќ и други.
Инаку, школата за глума на Мирослав Мика Алексиќ беше првата „станица“ за повеќето од најпознатите српски актери, а тие тоа честопати го истакнувале во своите интервјуа.
ФОТО: Мондо.рс