Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ паузира од обврските на теренот, а моментално е во Србија каде ги полни батериите пред предизвиците кои го очекуваат.
Ноле на тој начин го посети Нови Сад и присуствуваше на концертот на Жељко Самарџиќ, но се прошета и по улиците на „српската Атина“.
По тој повод тој донираше пари на уличен музичар, а овој негов гест заврши на социјалните мрежи со многу позитивни коментари.
„Тоа е вистински човек, има вредности кои треба да ги поседува секој жив на светов“. „Никогаш не ја пропушта шансата да биде добар кон другите, Ноле има златно срце“. „Голем човек си Новаче“. Ова се само дел од коментарите кои се појавија под видеото.