Деветгодишниот Лорен Симонс од Белгија е најинтелегентно дете во Европа и измерен му е максимален коефициент на интелегенција. Тој студира електротехника и планира да дипломира на Универзитетот за технологија во Ајндховен до декември, на студиите кои ги започна минатата година. Потоа планира да продолжи со докторски студии по електротехника, а истовремено ќе студира медицина, изјави неговиот татко Александер за Си-ен-ен.
Талентот на момчето за прв пат го забележале неговите баба и дедо, а родителите сметале дека претеруваат, но наскоро и наставниците се согласиле. Тие го тестирале темелно во потрагата по границите на неговиот талент и им кажале на родителите дека е како сунѓер кој брзо апсорбира неверојатна количина на информации.
Лорен потекнува од докторско семејство, но сè уште нема објаснување зошто е толку надарен. Универзитетот му дозволи да ги заврши студиите порано од другите студенти. Неговите родители внимаваат покрај учењето Лорен да има време и за игра.
„Не сакаме тој да стане многу сериозен, па прави што сака“, вели неговиот татко, додавајќи дека мора да се постигне рамнотежа меѓу детството и талентот.
Лорен веќе знае што сака да направи во животот: развој на вештачки органи.