Шарлот Казираги (32), ќерка на принцезата Каролина по втор пат му кажа да на францускиот продуцент Димитри Расам (37), инаку син на познатата француска актерка Карол Буке. Двојката во саботата изговори „да“ пред матичар во Париз, овој пат Шарлот облече венчаница на Џанбатиста Вали.
Минатиот месец во една од палатите на кралското семејство во Монако двојката се венчаше, во присуство на целото кралско семејство: принцот Алберт Втори со сопругата Шарлин со близанците, мајка ѝ, принцезата Каролина, браќата Андреа и Пјер, и полустестрата Александра од Хановер.
За разлика од другите кралски венчавки, двојката се потруди нивната да биде интимна и не толку достапна за јавноста, за што говори и фактот дека во јавноста се појавија само неколку фотографии.
Шарлот за овој среќен ден за неа одбра два невестински фустани.
Креација на модната куќа „Сен Лоран“ беше нејзиниот избор за дневната свеченост. За вечерниот дел пак, изборот падна на бел невестински фустан од „Шанел“ и тоа од колекцијата за висока мода. Она што беше посебно воочливо е ѓерданот кој Казираги го носеше. Тоа е истиот ѓердан, дијамантски, кој Грејс Кели го носела на нејзината свадба.
Двојката лани доби син, Балтазар.