Легендарниот „Пино Силвестре“ се враќа. Препознатливите шишиња ги преплавија виртуелните продавници, парфимериите и аптеките.
Таму тоалетната вода „Пино Силвестре“ може да се најде од 10 до 17 евра, во зависност од количината и продажната маржа. Покрај тоалетна вода, во понудата се и афтершејв (лосион за после бричење) и дезодоранс.
Заедно со оригиналниот зелен Pino Silvestre, се продаваат и црвени и сини верзии – Italian Citrus и Amber Woods.
Постарите веројатно се сеќаваат дека оригиналниот „Пино Силвестре“ мирисаше на борова смола или на оние миризливи шишарки што се ставаат во автомобилите.
Модерната тоалетна вода на која пишува „Оригинал“ го нема тој мирис, иако во неа доминира борот, новото Пино е нешто полесен и полимонаст.