Џуди Пинеда од Колумбија осум години била во манастир кого одлучила да стане порно глумица. Свештеникот во манастирот се обидел да ја предомисли, но не го послушала и сега има секс пред камера.
Оваа млада жена вели дека нема ништо лошо во својата кариера. Дури смета дека оваа професија е пристојна и уметничка. Секојдневно ужива во мастурбација и порнографија, но и понатаму оди во црква и не пропушта ниедна неделна миса.
Инаку, Џуди Пинеда во манастир отишла кога имала само десет години, откако претходно разговарала со една калуѓерка.
Пинеда вели дека во манастирот била многу среќна, но одлучила да го напушти бидејќи се заљубила во учителот по веронаука. Се преселила во Меделин и работела во фабриката “Нестле“, се додека не го запознала Хуан Бустос кој барал модели за неговиот портал за возрасни. Отишла на кастинг и веднаш била вработена.
„На почетокот се чувствував лошо поради работата. Но, набрзо се помирив со тоа“, раскажала своевремено Џуди.