Британската пејачка Лили Ален (38) неодамна во разговор за магазинот „Hunger“ открила дека целосно ќе се повлече од музичката сцена.
Популарната музичарка поминала низ многу тежок период од животот, го изгубила детето, имала трауматично искуство со прогонувач, наводно била и сексуално злоставувана, а долго време се борела и со зависност.
Лили, како што кажала, моментално нема намера да се врати на музиката и планира да се посвети на својата втора голема љубов – актерството.
„Луѓето би можеле да помислат дека се повлекувам, но завршив со битисувањето на првата линија. Преживеав загуба на мојот син, инцидент со прогонувач и сексуален напад“, изјавила таа и потоа продолжила со објаснувањето.
Подоцна таа имала големи проблеми со Алекс Греј којшто бил опседнат со неа и провалил во нејзиниот дом во 2015 година во моментот кога таа и децата спиеле. Тој подоцна бил осуден и притворен.
Лили Ален своевремено открила дека една личност од музичката индустрија ја нападнала додека спиела во неговата хотелска соба, а признала и дека долго време се борела со зависноста.
„Етел имаше седум, Марни шест години кога се „исчистив“ и има многу грозни работи кои ми се случија пред тоа поради кои ќе бидат многу лути на мене“, изјавила Ален која има две деца со поранешниот сопруг Сем Купер.
Денес сите тие работи се зад неа и таа е во среќен брак со Дејвид Харбор, ѕвездата на серијата „Stranger Things“. Лили денес главно глуми и преферира театарски настапи.
„Театарот и настапувањето пред голема маса луѓе дава адреналин. Се чувствувам како повторно да сум жива, тоа е зависност“, вели таа и потоа заклучува:
„Се чувствувам дека постигнав сè што сакав во својата кариера и се чувствувам како да сум победник како музичарка, но од друга страна не можам само да подготвувам сендвичи и да ги возам децата до нивните активности. Тоа ќе го правам неколку месеци, но потоа ќе „загризам“ нешто ново“, изјавила Лили.