Жителите на Нижни Новгород во Русија биле сведоци на луда сцена која љубоморна жена ја приредила на паркингот пред нивната зграда.
Како што вчера информираа од полицијата, пијана 38-годишна жена со „шевролет“ намерно налетала на 39-годишен маж, по што неколку пати со клоци ја удрила жртвата. Покрај тоа, удрила уште еден маж и со својот автомобил оштетила седум паркирани автомобили.
На снимката објавена на Телеграм се гледа како вознемирена жена удира во паркирана Тојота, го скинува предниот браник, ги крши ретровизорите, а потоа се качува на покривот и скока на автомобилот. Заминала викајќи нешто, а потоа влегла во својот автомобил и почнала да удира во Тојотата и другите автомобили.
Во обид уште еднаш да го прегази, била сопрена од девојка во лесна облека. Жртвата била одвлечена поблиску до автомобил паркиран во близина, а пијаниот возач продолжил да ја уништува Тојотата. После тоа, таа излегла од автомобилот и неколку пати го удрила мажот кој се уште лежел на тротоарот.
— Pluton (@Pluton45873221) February 2, 2023
Според првичните податоци од Истражната комисија, на 39-годишната жртва ѝ бил скршен скочниот зглоб, додека другиот не е повреден. Против жената возач е поведена кривична постапка за убиство во обид како и за возење во пијана состојба.
Причината за нејзината агресија била наводно љубомора. Имено, се тврди дека претепаниот маж е нејзиниот сопруг кого го пронашла во автомобилот со љубовницата.