Независниот кандидат за градоначалник на Охрид, Гоце Цветковски кој стана познат во јавноста како Гоце Вегета бил фатен со марихуана и и пред три дена СВР Охрид поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици.
Во стан во кој престојувал му биле најдени две зип-кесички со „трева“, 21 семка и гранки од канабис.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ц.(40) од охридското село Подмолје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во стан во Охрид, каде престојувал пријавениот, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис, се вели во соопштението од полицијата.
Пријавата е поднесена на 2 ноември, а претресот бил извршен многу порано односно уште пред тој да се кандидира за градоначалник.