Популарната пејачка Гоца Тржан имаше настап за своите фанови, а поради помлад фан мораше да го прекине концертот за јавно да одговори на неговите барања.
Гоца на еден свој настап му „одржа лекција“ на едно момче од публиката кое негодуваше за нејзините песни и бараше да отпее нешто од репертоарот што пејачката го окарактеризира како „денешен минлив тренд во музиката“.
„Пеј нешто за нас“, викна еден дечко од публиката.
– Знаеш што, друже, јас не ги знам знам тие „дрнди мрнди“. Не учев за вечерва, дај кец. Има стари песни што можам да ги изведам. Не би сакала да ги набројувам сите брендови во светот, тоа ми е досадно. – рече Гоца Тржан и предизвика овации кај публиката, а потоа продолжи да ги пее нејзините хитови.
https://twitter.com/i/status/1805491695292678214