Џозеф Џеј Џеј Рајнхарт со години готвел во Плејбој замокот на Хју Хефнер.
На Унилад му открил дека почнал да работи како чирак и на крајот станал готвач. Тој раскажал како е да се работи за познатиот креатор на Плејбој и која е неговата омилена храна.
Покрај него, имало уште осум готвачи кои работеле со полно работно време во замокот и го готвеле секој оброк на Хефнер и подготвуваќе се што ќе посакаат гостите. Тие исто така правеле кетеринг за екстравагантните забави што се одржувале таму.
„Иако имаше милиони, тој сакаше да јаде едноставни работи и обично ги избираше оброците од менито кое нудеше 26 производи“, рече готвачот. “Четири години јадеше ист појадок, мафин. Лесно се подготвуваше”, објаснил тој и додал дека Хју ги изненадил едно утро кога наместо мафини побарал матени јајца. „Добро, ќе направиме матени јајца“, му одговорил готвачот некако изненаден.
Тој објаснил како Хју имал некои конкретни барања додека ги подготвувал оброците. Се сеќава дека еднаш го повикал додека го сечел сендвичот и го опоменал да го направи подобро. Готвачот не сакал да го налути шефот, па се трудел. „Би печел околу 20 мисирки за еден ден пред Денот на благодарноста, бидејќи тој сакаше да јаде копанчиња од мисирки. Морав да се погрижам барем една од нив да биде совршено зготвена“, рече тој.
„Хефнер секогаш ги јадеше оброците сам во својата соба, Денот на благодарноста беше единствениот ден во годината кога ручаше со другите“, рече тој. „Доколку отиде да јаде во ресторан, ќе го подготвевме оброкот и ќе го испратевме во кујната на ресторанот со точни упатства како да го послужат во чинија“, открил готвачот.
„Тој беше одличен шеф и поради тоа не ни беше тешко да ги исполниме неговите барања“, ја продолжи приказната Џозеф и додаде дека никогаш не бил сведок на ситуација кога Хефнер ги „допира“ девојките кои се дома и го нарекува „совршен господин“.
Потсетуваме, Холи Медисон, една од поранешните девојки на Хефнер, неодамна тврдеше дека тој не е она што ѝ се претставувал на јавноста. Тврдела дека никогаш не ѝ било дозволено да земе боледување од страв да не биде заменета.
“Јас делев соба со Хеф и никогаш не се чувствував како да можам. Имав операција неколку пати, па не можев да излезам. Живеев во страв од мојата замена, односно дека Хеф ќе донесе друга девојка која ќе ми биде замена.“ рекла таа и додала дека Хефнер дури двапати зад грб внесувал нова девојка во куќата, додека таа не можела да излезе со него во јавност, пишува Мирор.
Покрај Холи, своето искуство од вилата на Плејбој претходно го раскажа и Изабела Ст. Џејмс. „Секоја спална соба имаше неусогласени, случајни парчиња мебел. Се чинеше дека некој отишол во продавница за добротворни производи и купил основни работи за секоја соба. Душеците на нашите кревети беа одвратни, стари, истрошени и извалкани. Чаршафите исто така не беа во најдобра состојба“, изјавила Изабела.