Муштериите во барот и ресторанот Cervejaria Alphaiate уживале во оброкот во саботата вечерта, кога група луѓе кои трчале директно кон нив ги запрепастиле и ги натерале да побегнат од масите. Гостите на барот брзо станале од своите места и почнале да трчаат во другата насока, превртувајќи ги масите и столовите.
На видеото се гледа и келнер кој изгледа збунето и на крајот заминува по стампедото од гости, наводно затоа што претпоставил дека тркачите се крадци кои се обидувале да го ограбат ресторанот. Клипот е објавен вчера на Твитер и брзо стана вирален, со повеќе од 3,3 милиони прегледи.
На видеото прво се гледа жена како трча покрај терасата на ресторанот, а потоа следи маж со куче кој ја тера другата жена да стане од нејзината маса и ги поттикнува оние што седат со неа да станат и да си заминат. Откако жената и нејзините пријатели побегнале од масата, и останатите гости во локалот исплашени брзо ги следеле, влечејќи ги со себе и другите. Некои ги оставиле работите зад себе и за неколку секунди ресторанот бил речиси празен.
Оттогаш е откриено дека групата која се приближила до ресторанот и ги исплашила гостите била група за обука на CrossFit, а не крадци кои се обидувале да ги ограбат гостите и барот.
“Потоа рекоа дека е CrossFit. Беше многу брзо. Луѓето полека доаѓаа, а кога се приближија до нашата маса, почнаа да трчаат. Ѝ реков на пријателката да ја држи чантата. Таа стана и во тој момент некој викна дека станува збор за грабеж. Кога станав, тој викна дека јас сум арамијата и побегна“, изјавила докторката Амир Кенлер, која во тој момент била во ресторанот, пренесуваат локалните медиуми.
“По неколку минути видовме дека ништо не се случува. Сите почнаа да се смеат и се вратија на масите како ништо да не се случило. Кога станав, ги ставив мобилниот телефон и паричникот во џеб. Имаше луѓе кои мислеа дека сум извадила пиштол. Тешко е да се живее во небезбеден град како нашиот“, додаде Амир.
E os clientes de um bar da zona sul de Recife que acharam que tava rolando arrastão quando na verdade era a turma do crossfit correndo na rua? pic.twitter.com/TlX6gJjpzb
— Bernardo (@BernardoBcabral) September 22, 2022