Активистката и политичарка Луиза Нојбаер, која ја нарекуваат германската Грета Тунберг, го привлече вниманието на 75-то Берлинале со натписите на нејзиниот фустан.
Таа рече дека оваа креација претставува одраз на актуелната политичка ситуација во светот и дека на предниот дел на фустанот се испишани имињата на луѓето кои ги „ги поткопуваат темелите на демократските општества“.

Така што, натписот „Donald & Elon & Alice & Friedrich?“ се однесува на Доналд Трамп, Илон Маск, Алис Вајдел и Фридрих Мерц, меѓутоа до името на Фридрих Мерц стои прашалник.
Нејзиниот тим објасни дека прашалникот е поставен затоа што Мерц гласал за договор со екстремно десничарската, германска партија АфД, а кој се однесува на миграцијата.

На задната страна на фустанот на Нојбаер пишува: „Демократијата умира сред бел ден“. Оваа порака се однесува на тоа дека колапсот на демократијата веќе не се случува тајно, туку среде бел ден, додека сите гледаат. Инаку Луиза е член на Движењето на зелените.
Од друга страна и актерката Тилда Свинтон, исто така, во текот на нејзиното обраќање на Берлинале, го прозва Доналд Трамп, а истовремено ја изрази својата поддршка за Газа.

„Сведоци сме на нехуманост. Овде сум да го именувам тоа без двоумење и да ја изразам мојата непоколеблива солидарност со сите оние кои се незадоволни од нашата влада зависна од алчноста која ги поддржува уништувачите на планетата и воените злосторници, од каде и да се тие“, рече Свинтон.