Српската водителка Оливера Чоловиќ пронајде креативен начин како да ги „преживее“ топлите летни денови за време на снимањето на информативната програма на телевизија Пинк.
Имено, на социјалните медиуми се појави фотографија, на која водителката е облечена во елегантно црвено палто, а долу носи виолетови кратки панталони и светкави папучи. Се разбира, таа се одлучила за оваа комбинација бидејќи долниот дел од нејзиното тело не се снима за време на емитувањето на информативната емисија.
Со цел да се пошегува на своја сметка, и водителката ја сподели истата фотографија на својот инстаграм-профил, додавајќи неколку емотикони кои илустрираат смеење.
Оливера Чоловиќ е познато телевизиско лице во Србија, која е препознатлива по специфичниот моден стил и строгиот став.