Со измена на правилникот, жените затворенички од „Идризово“ почнаа со користење право на викенд отсуство.
Директорот Зоран Јовановски за Макфакс“ посочи дека привилегиите ги користат по потреба. Меѓу нив е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која речиси три години е зад решетки, без да може да излезе за да го види својот син и да помине кратко време со семејството.
Јовановски посочи дека добил пет барања за користење на овие привилегии.