Спречена кражба на музички инструменти во Берово. Настанот синоќа го потврди виртуозот Горан Алачки кој во изминатите неколку дена престојува во родниот крај.
-Вечерва имаше обид за кражба на музички инструменти во село Владимирово. За среќа со интервенција на полицијата кражбата е спречена, истакна Алачки. Повеќе детали за кражбата полицијата најави во текот на денов.
Жителите велат дека во изминатите 15 години немало вакви случаи во селото, но во последниот период се појавуваат.
-За жал, пред неколку месеци беа украдени и пари наменети за опожарената црква „Св.Спас“ во Владимирово, а сега и ова, велат жители на Владимирово.