На проекцијата на „Furiosa: A Mad Max Saga“ на филмскиот фестивал во Кан се собраа големи имиња од светот на филмот и модата, а една дама беше похрабра од сите останати.
Иако за фестивалот во Кан се вообичаени многу елегантни и отмени изданија, одвреме-навреме некоја славна убавица се одлучува да прошета на црвениот тепих во провокативна и разголена креација.
Сега тоа го направи поранешната Плејбој зајачица и поранешна Мис Шведска, Викторија Силвстед, која се појави во Кан во неверојатно смела и провокативна тоалета, со која доживеа и (не)очекувана лоша среќа.
Атрактивната 49-годишна Викторија се одлучила за виолетов фустан од штрас, кој ги откривал нејзините раменици, а го красат необични ракави со додадени ракавици. Креацијата во пределот на стомакот ималa проѕирни детали, но највпечатливо кај неа бил екстремно високиот шлиц кој практично стигнувал до струкот и кој целосно ги откривал витките нозе, колкови, но и интимната зона.
Манекенката, очигледно, не носела долна облека, иако имала влошка во боја на кожа која практично го прикрила само она најосновното. Сепак, поголемиот дел од меѓуножјето многу транспарентно се гледалo со секое движење, шокирајќи ги присутните.
Изгледот Силвстед го заокружила со сребрени сандали и скапоцен дијамантски ѓердан, но за жал сè паднало во втор план поради голиот детаљ таму каде што е „забрането“.