Во чест на 20-годишнината од филмот „Catwoman“, Хали Бери ги почести фановите со провокативни фотографии.
Една од најубавите холивудски актерки ги распамети фановите и следбениците на Инстаграм со нови фотографии, а објавата ја посвети на една од своите најуспешни улоги, улогата во филмот „Catwoman“, која ѝ го донесе првиот милионски хонорар.
„И понатаму… мјау! Поминаа 20 години откако ја имав честа да го оживеам овој култен лик. Таа секогаш ќе ми биде близу срцето и јас засекогаш ќе бидам Пејшенс Филипс – Жена мачка“, порачала Бери, која во описот открила и дека им овозможила дом на двете мачки со кои позирала на фотографиите.