Ги знаете филмовите каде мажот одеднаш доаѓа дома за да ја фати сопругата во прељуба? Во нив обично има две сценарија – љубовникот се крие во плакарот додека жената се обидува да го излаже сопругот зашто таа е гола, а второто е дека несреќникот ги затекнува на дело љубовниците и настанува „карамбол“.
Во оваа втора верзија често се случува , па актерот на аферата почнува да бега од разбеснетиот сопруг…
Ваква сцена се случи и во Бразил, а видеото во кое потполно гол прељубник бега од сопругот за само неколку дена го погледнале над 4 милион луѓе… А судејќи по коментарите – добро се насмеале.
Како што можеше да се види од видеото, кога наеднаш се појавил нејзиниот сопруг на прагот од нивниот дом (кој очигледно се сомневал во верноста на сопругата штом влегол во куќата со вклучена камера) имал што да види.
Неговата полугола сопруга завиткана во пешкир, се обидувала да се сокрие од камерата, додека од куќата можеле да се видат само нозете на мажот кој бега. Сопругот го следел прељубникот кој трчал „гол“ низ куќата, притоа објаснувајќи дека тоа е всушност негов добар пријател.
Потоа повторно се соочил со жената на која, како што дознаваме од видеото, и помогнал кога и било најпотребно. Како што објасни несреќниот сопруг во видеото, таа во Бразил дошла од Венецуела практично без ништо.
„Се заљубив во тебе, ти дадов дом, храна, облека, накит, автомобил“, рекол додека ја снимал прељубничката која не изгледала премногу потресена бидејќи е фатена на дело.
На крајот од видеото се појавува „прељубникот“, овој пат со покриени интимни делови и почнуваат караница, епилогот на оваа претстава може само да се претпостави.
Што се случи потоа, само двајцата знаат, а оваа приказна стана вирална со брзина на светлината и беше споделена на неколку канали на YouTube и други социјални платформи. Секако, имаше и погрдни коментари за прељубничката, но повеќето ги забавуваше „голиот побег“ на нејзиниот љубовник…
Како изгледаше цела оваа драма, погледнете во продолжение: