Бизарна ситуација се случила на аеродромот во главниот град на Чиле, Сантијаго, кога потполно гола жена, која наводно била под дејство на наркотици, нападнала патници и полицајци.
Полицијата на крајот успеала да ја совлада жената, а потоа ја уапсиле, објави Дејли Меил.
Жената, која има 20-тина години, минатиот четврток присуствувала на забава во Сантијаго и земала печурки, а консумирала и алкохол, објави чилеанскиот весник АДН.
Таа во еден момент во текот на вечерта пристигнала на меѓународниот аеродром „Артуро Мерино Бенитез“ каде почнала да прави хаос.
Драматичната снимка покажува жена која разговара со патник кој го влечел својот куфер.
Се чини дека таа го моли и го прегрна. Таа потоа клекна и повторно се крена на нозе пред да ги завитка нозете околу него и да се обиде да го бакне.
Мажот потоа ја турнал, а таа одговорила со грабнување шише од количката и фрлање на земја. Патникот на крајот заминал.
Дополнителни снимки покажуваат како жената трча кон патниците во друг дел од терминалот. Се слуша како вика: „Те мразам“ и се обидува да удри со тупаница на пар, кој за влакно ја избегнал.
Потоа влегла на паркингот, каде фатила жена за коса и ја треснала на земја.
Полицајците ѝ помогнале на жртвата да стане, а ја спровеле на безбедно, додека голата напаѓачка останала да лежи на земја.
На друго видео може да се види дека двајца полицајци се обиделе да ја одведат, но таа ги спречила удирајќи еден од нив по лицето.
https://twitter.com/i/status/1726653208737775955