Холивудската глумица Сигорни Вивер има 73 години и во текот на цела своја кариера која трае од 1971 година, ги поместила границите на филмското платно, одела против предрасудите и го сменила мислењето на многу од луѓето.
Актерката сега уште еднаш покажала дека не е важно колку години имаш туку важно е како се чувствуваш во одреден дел од животот.
Таа ја добила улогата на Хилда Гуд во филмот „The Good House“ од режисерите Маја Форбс и Вали Володарски и така се нашла пред голем предизвик.
Имено, со Кевин Клајн кој во филмот го толкува ликот на Френд Гечел, таа приредила сцена во која е целосно гола.
Голотиите во филмовите и натаму во одредена мера се табу-тема, а особено доколку во тој предизвик се впуштат актери над одреден број на години, во превод – оние постарите, во зрела доба од животот.
Инаку, филмот е правен по истоимениот роман на Ен Лири, а имаше светска премиера кон крајот на минатиот месец.