Водечки здравствен експерт од Англија смета дека ефикасна и безбедна вакцина против корона вирус нема да се создаде пред зимата 2021 година, пишува „Sky News“.
Професорот Крис Вити изјави дека ќе ги видиме „вистинските проблеми“ на COVID-19 во зима и дека Велика Британија, како и целиот свет, треба да престане да претпоставува дека вакцината ќе биде достапна наскоро.
Наместо тоа, тој изјави дека постои разумна шанса вакцината да не биде достапна до зимата 2021/22 година.
Јас секако би бил задоволен ако е готова порано отколку подоцна, но ќе се изненадам ако имаме ефикасна вакцина подготвена за масовна употреба пред крајот на оваа зима, рече професорот Вити, додавајќи:
Голем број луѓе имаат направено многу работа во однос на науката и логистиката за да го направат моето песимистичко тврдење побиено, но прво мора да докажеме дека вакцината е безбедна и ефикасна, а за тоа е потребно време.
Ако погледнеме одблизу во 2021 година, мислам дека шансата е многу пореална од онаа за шест месеци. Несовесно би било да се планира за зима 2021 година врз основа на фактот дека веќе ја имаме вакцината. Треба да се планира врз основа на она што го имаме сега.
Тој додаде дека верува во способноста на науката да нè „извлече од оваа дупка“, но исто така заклучил дека не смееме да веруваме дека тоа ќе се случи за неколку недели или месеци.