Облечен во одело и без вратоврска, британскиот министер Мајкл Гов беше снимен на подиум во техно клубот во Абердин каде танцувал цела ноќ.
Коорганизаторот на настанот Адам Тејлор рече дека Гов бил во паб на приземје и се заинтересирал кога излегол и слушал музика, според Скај њуз.
– Го прашав дали сака да дојде и дали му се допаѓа музиката за танцување. Му објаснив „тоа е прилично жива музика, не знам дали ви се допаѓа“, рекол тој на што министерот одговорил дека сака да оди.
– Ми рече „сакам да танцувам“, а јас му реков дека билетот е 5 фунти“, посочил ко-организаторот на забавата.
По пристигнувањето во клубот, Гов се вклопил и почнал да танцува.
– Очекував да замине и можеби само да испие неколку пијалаци, но следниот пат кога се качив горе, тој танцуваше навистина добро, имаше неверојатна енергија и издржливост, едноставно продолжи да танцува цела ноќ. Тој беше во центарот на вниманието, сите се обидуваа да се фотографираат со него, многу луѓе му купуваа пијалоци, се чинеше дека добро се забавува, додава Тејлор.
Michael Gove proves that the current transportation problems are not affecting imports from Colombia. pic.twitter.com/7kKSkamahX
— Parody Boris Johnson (@BorisJohnson_MP) August 29, 2021