Полуларниот шведски моден синџир Н&М е казнет во Германија со сума од 35,3 милиони евра поради шпионирање на вработените.
Германски народен правобранител ја донесе оваа одлука бидејќи компанијата „H&M“ собирала податоци за приватниот живот на своите вработени. Според изјавата на хамбуршката Комисија за заштита на податоците и слобода на информирањето, под надзорот биле опфатени неколку стотици вработени кои работат во сервисниот центар во баварскиот град Нирнберг.
Уште од 2014 година, раководството на H&M во Нирнберг собирало голема количина податоци за приватните животни околности на вработените, вклучувајќи здравствени дијагнози, семејни проблеми и верски убедувања. Деталите често биле евидентирани и дигитално чувани во систем, односно биле достапни на најмалку 50 други менаџери во компанијата, соопштено е во рамки на истрагата.
H&M објави дека инцидентот открил практики за обработка на приватни податоци на вработените, кои не биле во согласност со упатствата и инструкциите на компанијата.
H&M во соопштението им се извини на вработените и објави дека ќе ја анализира одлуката на хамбуршкиот правобранител.