Посвоената ќерка на познатиот холивудски режисер Стивен Спилберг, Микаела Спилберг, пред неколку дена откри дека ќе снима порно филмови. Во ексклузивниот разговор за британскиот Sun, таа изјави дека веќе снима соло настапи, а кога ќе се регистрира како сексуална работничка, планира да стане стриптизета.
Микаела рече дека својата одлука им ја соопштила на родителите Стивен и неговата сопруга Кејт Кепшо, и дека тие и дале поддршка.
– Не го правам ова од инает, туку затоа што сакам да му оддадам почит на своето тело и од него да заработам, изјави Микаела Спилберг.
Сепак, се чини дека не е баш онака како што изјавила Микаела, открива извор близок до семејството Спилберг.
-Стивен ѝ е лут и се срами од постапката на ќерка му. Тој не може да разбере зошто се одлучила на таков чекор. Стивен и Кејт ги обожаваат своите деца и ташко ја прифаќаат одлуката на Микаела, – открива изворот.
Стивен Спилберг особено го погодило тоа што својата одлука Микаела ја откри пред целиот свет, што било големо разочарување за познатиот режисер.
https://www.instagram.com/p/B8w4oP7gsGd/?utm_source=ig_web_button_share_sheet