Таа има 35 години, тој има 65 години. Покрај емоциите, тие се обединети и од нивната љубов кон комедијата, затоа што и двајцата се одлични актери во тој жанр. Станува збор за Роуан Аткинсон, незаборавниот Мистер Бин, а жената што го освои смешниот Британец се вика Луис Форд.
Роуан е посветен на глумата, но секоја улога ја остава настрана кога ќе дојде време да ја преземе должноста на грижлив партнер на 30-години помладата колешка.
Нивните прошетки низ Лондон сега се сосема вообичаена работа. Додека шетаат заедно, тие обично се држат за рака, а актерот покажува со нежна прегратка колку е приврзан за убавата бринета. Нивните допири можат да бидат спречени само со торби и чанти, но тие ретко ја тргаат насмевката од нивните лица.
Инаку, првата средба помеѓу младата актерка и шармантниот комичар се случила во 2012 година, кога и двајцата се појавија во „Quartermaine’s Terms “. Симпатии набргу се појавиле меѓу нив, а новинарите не ги пропуштаат заедничките моменти поминати во Јужен Лондон.
https://www.instagram.com/p/BVC6erpgixp/?utm_source=ig_web_button_share_sheet