На 81 година, денеска во Белград почина познатиот композитор Корнелие Ковач.
Причината за смртта засега е непозната, а како што дознава Курир, композиторот бил позитивен на коронавирус.
Корнелие Ковач е роден во Ниш во 1942 година, а Ковач својата прва композиција „Пусти тротоари“ ја составил на четиринаесетгодишна возраст, во 1956 година.
Откако беше во многу босански оркестри, Ковач се приклучи на сараевскиот рок бенд Индекси во 1966 година и свиреше со нив на турнеја низ СССР веќе следната година.
Ковач се преселил во Белград во септември 1968 година, каде што ја основал Корни група, која ја претставувала СФР Југославија на Изборот за песна на Евровизија во 1974 година.
Корнелие пишуваше филмска и театарска музика, а е автор и на голем број хитови на Здравко Чолиќ како што се: Април у Белграду, Звао сам је Емили, Живиш у ублацима, Маџарица… Исто така пишуваше музика за Лепа Брена, Бисера Велетанлиќ, Оливера Катерина…