Синот на Дејвид Боуви, Данкан Џоунс ни на крај на памет не му е да дозволи музиката на татко му да ја даде за биографскиот филм за Боуви. Џоунс изјави дека никој не разговарал со неговото семејство во врска со филмот и не знае како тој ќе изгледа. Тој остро го искритикува филмот за татко му.
“Ако сакате да го видите биографскиот филм без неговата музика и без благослов на фамилијата, тоа оставам на вас публико“ напиша Данкан на Твитер.
Инаку, промоцијата на филмот под наслов “Стардуст“ предвиден е за јуни. Џони Флин треба да го глуми младиот Боуви, а Џена Малон неговата сопруга Енџи.