Јахтата „Мој Соларис“ на рускиот милијардер Роман Абрамович, пристигна во Бодрум, на југозападот на Турција, покажуваат податоците за следење на бродови.
Минатата недела јахтата ја напушти Црна Гора, движејќи се југоисточно кон Турција и ги заобиколи водите на земјите-членки на Европска унија кои воведоа санкции за Абрамович и уште неколку руски милијардери, пишува Ројтерс.
Владите на ЕУ презедоа чекори за запленување јахти и други луксузни средства за да санкционираат поединци.
Фото: ЕПА