Моника Белучи критикувана поради последните фотографии (ФОТО)

by Тони Зографски

Моника Белучи објави фотографии од доделувањето на наградите „Maria Callas Monaco Gala“, а многумина ја критикуваат поради претераниот Фотошоп на фотографиите.

Италијанската актерка која е позната по својата природна убавина позирала во долг бордо фустан со шлиц, кој ѝ прилегал совршено.

Комбинацијата ја заокружила со елегантен ѓердан и обетки, како и исфенирана коса и ефектна шминка.

Меѓутоа, голем број нејзини обожаватели забележале дека фотографиите се непотребно обработени.

„Зошто толку Фотошоп за неа?“, напишал еден следбеник на Инстаграм, а неговиот коментар добил над 600 лајкови.

„На твоите фотографии не им се потребни филтери. Прекрасна си и без нив“, „Ти си толку преубава, нема потреба да го уредуваш своето лице преку апликации“, гласат останатите коментари.

Инаку 57-годишната актерка постојано добива комплименти и пофалби поради својата природна убавина и достоинственото стареење бидејќи, колку што е познато, не се подложила на никакви естетски корекции.

 

 

останати вести