Професорот Карл Лаутербах, епидемиолог кој сака да стане иден министер за здравство во Германија, изјавил дека според првите достапни податоци Омикрон би можел да биде божиќен подарок кој би можел да го забрза крајот на пандемијата.
-Големиот број на мутации може да значи дека вирусот ја оптимизирал својата заразност со што би можел да биде помалку смртоносен , изјавил Лаутербах.
-Ова би било во согласност со начинот на кој се развива мнозинството респираторни вируси, додал тој.
Професорот Паул Хантер, стручњак за заразни болести на Универзитетот Источна Англија, рекол дека оваа теорија би можела да се покаже како вистинита. Високото ниво на поранешните инфекции и вакцинацијата би можело да овозможат заштита од сојот.
Научниците и претходно предупредуваа дека е малку веројатно коронавирусот било кога да биде искоренет туку ќе премине во поблаг вирус сличен на настинка .